Повратникот во Првата лига на Македонија, Шкупи направи изненадување вечерва, совладувајќи го својот локален Чаир со 94-86.
Реконструиран, со доаѓањето на неколку нови странци во тимот, Шкупи го диктираше темпото и беше во водство во најголемиот дел од натпреварот. По седум минути игра имаше двоцифрено водство (17-7), на крајот од првата четвртина водеше со 31-19, а на средина од вториот период ја достигна највисоката предност (44-29).
Чаир не се предаде и во финишот од третиот квартал ја стопи негативата и израмни на 67-67, а на шест минути пред крајот и да понуди со 75-74 по тројката на Кели. По неколкуминутна жестока битка, одлучувачка се покажа серијата од 7-0 на Шкупи за водство од 89-81 на 93 секунди пред крајот на мечот.
Прво име на натпреварот беше дебитантот во тимот на Шкупи, Секој Сила кој постигна 28 поени и 10 скока, Јусуф додаде 19, а Стојановски 18 поени. Кај Чаир, Мофит заврши со 25, а Кели со 24 поени.


