Пред утрешниот исклучително важен дуел против Кожув, екипата на Шкупи направи една играчка промена.
Од екипата си замина Данило Аранитовиќ кој според информациите од клубот, добил понуда за продолжување на кариерата во Чешка и добил дозвола да си оди. На негово место доаѓа американскиот бек Вејн Арнолд чиј последен клуб бил Призрен во косовското првенство.
Во шампионатот на нашиот северозападен сосед, Арнолд просечно постигнувал по речиси 12 поени и 4 скока по натпревар. Американецот веќе се приклучи на тимот на Шкупи и ќе биде во комбинација за мечот со Кожув кој се игра утре од 14 часот.


