По катастрофалниот настап на Работнички во Купот на Македонија, навивачката група Сити Парк Бојс најави пекол за играчите на овој тим на следниот натпревар на домашен терен.
Работнички доживеа убедлив пораз од МЗТ Скопје и шеста година по ред остана без трофеј во Купот.
„Проблем не е поразот, проблемот сте вие! По една недела пауза не чека наредно коло против екипата на Тиквеш, каде ќе го истуриме целиот гнев кон сите кој ветуваат резултат а испорачуваат срам.

Мобилизација на секоја генерација, на секој кој некогаш се израдувал на успехот на овој клуб. НИЕ СМЕ РАБОТНИЧКИ А НЕ ТИЕ НА ТЕРЕН!“, порачаа Сити Парк Бојс.
Натпреварот на Работнички против Тиквеш се игра по репрезентативната пауза, на 1 март.


