За в среда во хотелот „Александар Палас“ во Скопје е закажано годишното Собрание на Кошаркарската федерација на Македонија, а на два дена пред неговото одржување, во јавноста излегоа документи од Собранието од март 2023 година кога беше (ре)избрано актуелното раководство на оваа организација.

Од анализата на записникот од тоа Собрание, може да се заклучи дека право на глас, во име на клубовите, со полномоштва, добиле роднини и пријатели на претседателот, дури и лично тој, како и вработени во Кошаркарската федерација. На тој начин, актуелното раководство добило 15 од вкупно 42 гласа или повеќе од една третина од вкупниот број.

Неполни две години подоцна, се стеснува обрачот околу водството на македонската кошарка и нема да биде изненадување ако в среда претседателот и неговите соработници официјално заминат во историјата.



