Македонскиот репрезентативец Андреј Шошкиќ продолжи со одличните настапи во НЦАА, како и со серијата натпревари со двоцифрен ефект.
Ноќеска, на домашен терен против Монмаут, нашиот плејмејкер постигна 18 поени што е шести меч во низа на кој Шошкиќ има 10+ поени и вкупно 11. оваа сезона. За жал, Стони Брук доживеа минимален пораз, со 75-76 и со тоа ја заврши серијата од пет победи, прва таква во историјата на машкиот кошаркарски тим на овој универзитет.
splash 💦
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) February 6, 2026
💻 https://t.co/Gx8YMXzdUi (FloCollege)
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/NDp5mnb9MS
Шошкиќ беше особено „запален“ во второто полувреме во кое ги постигна сите 18 поени од кои десет во финалните две минути. Тој беше кошаркарот што ги одржа Сивулфс во игра до последниот звук на сирената, но не можеше сам да му ја донесе победата.
Погоди четири тројки од шест шута, а иако плејмејкер, оствари седум скока што е уште еден важен елемент во неговата игра. Стони Брук со овој пораз испушти шанса да остане во игра за второто место во својата конференција, но до крајот на основниот дел од сезоната има уште седум натпревари од кои првиот е веќе утре, повторно на домашен терен.


