Македонскиот репрезентативец Андреј Шошкиќ одигра уште еден извонреден натпревар во кој имаше огромна заслуга за победата на својот тим.
На гостувањето кај Лојола Меримонт, екипата на Стони Брукс за која настапува нашиот плејмејкер победи со 71-68, во голем дел поради Шошкиќ. Освен што постигна десет поени и беше втор стрелец во тимот на Сивулфс, Шошкиќ блокира противнички играч при обид за шут за тројка во последниот напад и не му дозволи евентуално да го израмни резултатот.
Ова беше шеста победа во осмиот натпревар за Стони Брукс оваа сезона со која се искачи на третото место во својата Атланта Костал конференција.


