Дебитантот во Суперлигата, Маџари по четири кола има биланс 0/4 откако и денеска доживеа несреќен пораз од ТФТ во Кале со 76-79.
Тимот од Гази Баба се уште е без победа оваа сезона, а од четирите порази, три се со едноцифрена разлика и еден по продолжение со тоа што во сите четири меча, па дури и со шампионот МЗТ беше со добри шанси да триумфира. За разлика од Маџари, ТФТ останува со максимален ефекет по четири одиграни кола иако до денешниот триумф стигна најтешко досега.
Интересно е тоа што највисокото водство на домашниот тим на овој натпревар изнесуваше само пет поени, додека Маџари имаше и +11. На минута пред крајот на полувреме, гостите водеа со 41-30, ТФТ во третиот период се врати во игра, но победникот се решаваше во финишот.
На нешто помалку од две минути пред крајот на мечот, по слободното фрлање на хот, Маџри поведе со 70-69, следуваше тројка на Ташовски на спротивната страна и можеби клучната загубена топка на Стејплтон. По три погодени слободни фрлања, ТФТ отиде на 75-70 на влезот на последната минута, Маџари на идентичен начин се врати на 74-75, но не доби шанса во завршните секунди да дојде до шут за победа.
Ташовски со 19 поени го предводеше ТФТ за кого уште тројца кошаркари имаа двоцифрен ефект. Лафајет со 17 поени и 9 скока го предводеше Маџари кој во петтото коло првпат ќе биде домаќин и ќе се обиде против Тиквеш да дојде до првата победа.


