Во борбата за опстанок во елитната конкуренција, Гостивар ќе биде засилен за српски интеренационалец.
Станува збор за Вук Ѓорѓевиќ, 204 сантиметри висок кошаркар кој треба да биде замена за Дешон Хемптон откако Американецот се повреди за време на Купот на Македонија и не успеа да се рехабилитира. Ѓорѓевиќ треба да ја позицијата 3, а својот последен ангажман го имал во грчкото првенство, во тимот на Докса Лефкада. Претходно, 26-годишниот кошаркар играл и во словачкиот тим Комарно,.
Гостивар имаше забележителнен настап на Купот на Македонија каде направи изненадување, елиминирајќи го првиот ностел ТФТ, претходно во првенството го шокира и МЗТ Скопје, но и покрај тоа се наоѓа на десеттата позиција на табелата со две победи помалку од осмопласираниот Феникс, на пет кола пред крајот на првенството.
Своето деби во тимот на Гостивар, Ѓорѓевиќ ќе го забележи в понеделник, на гостувањето кај Кожув.


