Засилена со неколку поранешни младински и сениорски репрезентативци на Македонија, екипата на Струмица со победа од 35 разлика ја почна новата сезона во Првата кошаркарска лига.
На домашен терен, струмичани го совладаа тимот на Борец со 88-53 во натпревар во кој доминираа во текот на сите 40 минути. Како ќе се одвива мечот беше јасно уште по првата четвртина која Струмица ја доби со 28-14, Борец се стабилизира во вториот период, но во второто полувреме домаќините постигнаа вкупно 50 поени и се изборија за убедливиот триумф. Ова е втор убедлив триумф на Струмица во новата сезона откако во првото коло го совлада градскиот ривал Ролинг со 80-49.
Македонскиот репрезентативец Димитар Пандев беше најефикасен кај струмичани со 25 поени, Александровски постигна 20, а Јовановиќ 14. Трпевски го предводеше тимот на Борец со 18 поени.


