Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје би можел да биде драстично засилен во вториот дел од сезоната ако успее во своите редови да го врати српскиот центар Душан Танасковиќ.
Грчки медиуми последните два дена објавуваат дека кошаркарот на Мега размислува меѓу МЗТ Скопје и ПАОК, но во исто време и клубот од Солун има две алтернативи за центарската позиција. Конкуренција на Танасковиќ му е бразилскиот репрезентативец и поранешен кошаркар на Партизан, Бруно Кабокло кој е член на Хапоел Тел Авив, но и таму прави проблеми, па најверојатно ќе си замине пред крајот на годината.

Танасковиќ играше во МЗТ Скопје во сезоната 23/24 и освои тројна круна со тимот од Аеродром при што беше еден од најдобрите играчи и меѓу најзаслужните за остварените резултати. По завршувањето на таа сезона замина во Мега, а оваа сезона настапува во Борац Бања Лука каде е еден од најдобрите играчи, заедно со екс-играчот на ТФТ и Пелистер, Тај Херис. На четири натпревари во АБА 2, центарот просечно постигнуваше по 13 поени и 7,5 скока што е доволна препорака за промена на средината.


