По поразот на Чаир од МКК Куманово вечерва, екипата на ТФТ е сигурно на првото место на табелата на крајот од првиот круг од првенството.
Останува да се одигра уште едно коло кое е на програмата идниот викенд, но тимот од Тафталиџе сега има две победи предност пред МЗТ Скопје, Чаир, Пелистер и Работнички и јасно е дека како првопласиран ќе влезе во Купот на Македонија бидејќи е недостижен за спомнатите екипи. Противникот во четвртфиналето и потенцијалниот во полуфиналето ќе го знае идната недела.

ТФТ е поранешен освојувач на трофејот во Купот на Македонија до кој стигна во 2022 година. Интересно е тоа што тогаш тимот влезе како осмопласиран во Купот, а на патот до пехарот ги победи Пелистер, Академија ФМП и МЗТ Скопје.


