Новото коло во Првата македонска кошаркарска лига ќе трае од денеска до недела, а први на теренот ќе излезат екипите на ТФТ и Вардар.
Нивниот дуел е на програмата попладнево од 17 часот во Кале, додека другите пет меча ќе се играат во ткеот на викендот. За ТФТ ова е можност да стави крај на лошите резултати, имајќи предвид дека во последните четири кола доживеа три порази, додека Вардар се уште ја очекува првата победа во сезоната.
Дербито на колото се игра в недела во Битола каде гостува Работнички, но има уште неколку интересни натпревари во борба за горниот дел од табелата, како и за опстанокот. МЗТ Скопје гостува кај Кожув во реприза од финалето на Купот на Македонија, додека Гостивар го пречекува Феникс во надеж дека ќе ја фати сламката за спасот кога станува збор за битката за плејофот.
Феникс ја има најдолгата победничка серија во моментов во Првата лига, таа изнесува пет триумфи и ако успее да го совлада и Гостивар, ќе направи огромен чекор кон пласманот во разигрувањето за титулата.
ДВОЈКИ ЗА 19. КОЛО
СРЕДА
ТФТ – Вардар 17:00
САБОТА
МКК Куманово – Шкупи 18:00
Тикеш – Чаир 19:00
Кожув – МЗТ Скопје 19:00
НЕДЕЛА
Гостивар – Феникс 18:00
Пелистер – Работнички 19:00


