Финалистот од плејофот минатата сезона ТФТ се уште има максимален ефект оваа сезона на двата фронта.
По двете победи во АБА 2, тимот од Тафталиџе има пет триумфи во исто толку натпревари од домашното првенство откако вечерва како гостин го совлада Феникс со 80-58. Ова беше една од најлесните победи за ТФТ во меѓусебните дуели со Феникс кој во минатото знаеше да му го загорчи животот на својот градски ривал.
Клучна за славјето на ТФТ вечерва беше втората четвртина која гостите ја добија со 26-13 и на голем одмор заминаа со огромни 49-36. Феникс се држеше до средината на вториот период, а потоа екипата од Тафталиџе направи серија од 14-0 со која отиде на голема разлика и истата успеа да ја сочува до крајот.
Тома Стојаноски со 14 поени го предводеше ТФТ, Гордон постигна 12, а Ташовски 11. Виктор Златевски беше најефикасен кај Феникс со 19 поени, но домаќините имаа дури 25 загубени топки од кои 10 токму Златевски.


