Лидерот на суперлигашката табела ТФТ ја оствари третата победа во низа и деветта во сезоната откако вечерва славеше на гостувањето кај Гостивар со 93-83.
За новиот триумф, на скопскиот тим му требаше екстра напор во второто полувреме бидејќи во првото доминираа домаќините кои имаа и двоцифрена предност. Иако ТФТ отвори со 17-9, Гостивар успеа да израмни до крајот на првата четвртина, па главната битка се водеше во натамошниот дел од мечот.
Гостивар ја презеде иницијативата кон средината од вториот период, поточно по серијата од 9-0 по која поведе со 38-30. Во финишот од полувремето ги достигна највисоките +11 (45-34), но тука застана домашната екипа. На четири минути пред крајот на третиот период ТФТ израмни на 57-57, а две минути подоцна се врати во водство со 63-62. Гостивар некако се држеше до крајот на четвртината, но се беше решено по серијата на ТФТ од 12-0 во последниот квартал по која гостите отидоа на недостижни 79-67.
Гордон со 19 поени беше најефикасен кај ТФТ, Ташовски постигна 16, а вкупно петмина кошаркари на гостинскиот тим беа двоцифрени. Абрам повторно го предводеше Гостивар, со 18 поени, но само два во второто полувреме.


