Во француското првенство играат голем број поранешни НБА ѕвезди, но главен во досегашните 19 кола е македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.
Плејмејкерот на Париз има највисок индекс и е прв асистент во лигата и секако најзаслужен што неговиот тим се наоѓа на првото место на табелата иако го дели со Шоле и Монако. Неговиот просечен индекс изнесува 20,9 и од останатите играчи, конкуренција до моментов му е единствено Шевон Томпсон од Нанси (20,2), додека третопласираниот Тео Маледон е далеку зад него со 17,2.

Што се однесува до асистенциите, Шортс е уште поубедлив во овој сегмент бидејќи просечно бележи по 8,5 додавања. На второто место е Матео Лереј од последнопласираниот Ла Рошел со 6,4.
По сето ова, Шортс е најголем фаворит за признанието за МВП на сезоната со што ќе ја збогати својата колекција вакви награди во кариерата.


