Екипата на Тиквеш направи големо изненадување откако попладнево го совлада МЗТ Скопје во „Јане Сандански“ со 80-75, во вториот меч од 22. коло на Првата македонска кошаркарска лига.
Триумфот им беше очајно потребен на кавадарчани кои се во тесна борба за пласман во плејофот, но се уште не се сигурни учесници во разигрувањето. За да остане на осмата позиција, на Тиквеш му е потребен пораз на Феникс од Шкупи во мечот кој се игра утре во Кале. Од друга страна, за МЗТ Скопје ова е прв на домашен терен оваа сезона и тоа дури во последниот меч од основниот дел.
Шампионот играше со преполовен состав на овој меч бидејќи Васко Атанасов ги немаше во комбинација Петков, Маслинко и Миловановиќ. Тиквеш го искористи и влезе максимално ангажирано во натпреварот како резултат на што речиси постојано беше во водство. Отвори со 9-2, МЗТ Скопје пред крајот на воведната четвртина го сврте резултатот во своја корист, но не поведе со повеќе од два разлика. Гостите го диктираа темпото и во третиот период поведоа со 45-38 за на средината од последниот квартал да ги достигне највисоките +9 (72-63). МЗТ се закани, дојде на само -1 на три минути пред крајот (73-74), но во клучните моменти Младеновиќ постигна пет поени по ред и стави точка на сите дилеми.
Андресон со 20 поени и 11 скока беше најдобар играч на Тиквеш, а уште петмина кошаркари на Тиквеш имаа двоцифрен ефект. Едвин беше единствен расположен кај МЗТ Скопје, но и тој во финишот имаше неколку избрзани одлуки. Ако Феникс не успее да го победи Шкупи, во првата рунда од плејофот повторно ќе играат МЗТ Скопје и Тиквеш.


