Покрај неколкуте тимови кои се засилија последните денови, нов играч во составот има и поранешниот шампион на Македонија, Тиквеш.
Во тимот од Кавадарци доаѓа американскиот кошаркар Шоу Андерсон, 23-годишен крилен играч кој до пред еден месец бил член на португалскиот прволигаш Квелуж. Тоа е негово прво интернационално искуство откако колеџ-деновите ги поминал на Универзитетот Сиетл Пацифик.
Тиквеш засега е со пет странски кошаркари што значи дека тренерот Атанас Манев ќе треба да калкулира во домашното првенство. Екипата се наоѓа на деветтата позиција на табелата и е во жестока борба за опстанок, а в недела гостува во Скопје, кај тимот на Работнички.


