Во обид да се крене од долниот дел од табелата, поранешниот шампион на Македонија, Тиквеш ангажира нов играч на плејмејкерската позиција.
Станува збор за американскиот интернационалец Ајзеа Хил кому Тиквеш ќе му биде трет клуб оваа сезона. Почнал во британскиот шампионат, во тимот на Каледонија со кој учествувал и во Лигата на шампионите и ФИБА Европа купот, минатата недела се преселил во Унгарија, во екипата на ОСЕ Лајонс, но по само еден настап ја прекинал соработката со клубот. Во Каледонија имал просек од околу 13 поени по натпревар.
Хил веднаш ќе му стави на располагање на тренерот на Тиквеш, Атанасе Манев и ќе биде во комбинација за дуелот со лидерот на табелата ТФТ кој се игра в сабота во Кале.


