Во обид да го освои првиот трофеј во својата историја, Кошаркарскиот клуб Пелистер како замена за Александар Петровиќ донесе добро познато име.
На клупата на битолскиот тим седнува српскиот стручњак Ненад Трајковиќ кој ќе го води тимот до крајот на сезоната. Зад себе Трајковиќ има безмалку четиридецениско тренерско искуство, период во кој, меѓу другото, работел и како тренер на Партизан, асистент во Реал, но и како скаут во НБА тимот Кливленд Кавалирс и помошник во Феникс Санс во сезоната 2010/11. Последниот ангажман го имаше на клупата на Студентски центар каде работеше во периодот од 2019 до 2021 година.
Своето деби на новата функција Трајковиќ ќе го забележи в недела кога Пелистер во Битола го пречекува тимот на Гостивар.


