Актуелниот шампион на Македонија, Баскет Кам убедливо го совлада Патриот со 74-38, а натпреварот го одбележа повремената репрезентативка Сања Адамовска.
Освен што беше најефикасен играч на натпреварот, таа оствари трипл дабл и влезе во тесното друштво кошаркарки на кои им успеало тоа во македонската кошарка. За помалку од 30 минути во игра, таа постигна 16 поени, 14 скока и 14 асистенции за индекс 40, поголем од сите кошаркарки на Патриот заедно.
Последна која успеа да постигне трипл дабл во македонското кошаркарско првенство во женска конкуренција беше Анџелика Митрашиновиќ која на 29 април 2021 година, како член исто така на Баскет Кам постигна 29 поени, 13 асистенции и 11 украдени топки.


