Во само два дена, четворица довчерашни прволигашки играчи се преселија во Втората македонска лига.
Вчера Ивица Димчевски го засили Маџари, денеска Предраг Пајиќ и Јован Александровски потпишаа со Струмица, а репрезентативецот Петар Бошалески е нов играч на Охрид. Практично, тој првпат во својата сениорска кариера ќе игра во родниот град откако ја помина младинската школа на Работнички за кого подоцна дебитираше во Првата лига, а првата полуетапа од оваа настапуваше во тимот на Пелистер. Во меѓувреме беше стандарден во младинските селекции на Македонија, а забележа и неколку настапи во сениорската репрезентација за која играше и на олимписките претквалификации во Талин во 2023 година.
Бошалески треба да биде големо засилување за Охрид кој има амбиции да се врати во елитната конкуренција на македонската кошарка.


