На кошаркарскиот камп Hoops & Heritage што ќе се одржи во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје од 22 до 25 јануари, на веќе познатите тренери Џеј Џојнер и Џамал Вомак, им се приклучува и Џек Јуманс.
Станува збор за американски тренер за индивидуален развој на кошаркарски вештини. Тој носи елитно искуство во развојот на играчи преку соработка со реномираниот тренер Дру Ханлен, како и работа со НБА ѕвезди како Тајриз Макси, Тајриз Халибертон, Зак Лавин, Тајлер Хиро и Треј Марфи. Покрај тоа, има и тренерско искуство на Fisher College, каде што учествувал во имплементација на модерни, високоофанзивни системи и во развој на истакнати играчи.

На кампот во Скопје, Џек ќе води тренинзи фокусирани на основни кошаркарски техники, напреден индивидуален развој и современи тренинг методи, овозможувајќи им на учесниците уникатна можност да учат од еден од најперспективните млади американски тренери.

Сите тренинг сесии ќе бидат професионално снимени од Hoops & Heritage Media Group, која ќе подготви уредени видеа со најдобрите моменти и тренинг содржини за секој учесник, со што спортистите ќе заминат со врвно тренерско искуство и професионален медиумски материјал од кампот.
Пријавувањето за кампот може да се изврши на контакт: 077 967 065 и регистрација на страната hoopsnheritage.org


