Во рамките на 14. коло од Втората македонска кошаркарска лига, Водно Санс го победи Бутел со 88-75, а натпреварот го одбележаа неколку атрактивни потези на домашните кошаркари.
Пред сите, забивањето преку човек на јуниорскиот репрезентатигвец на Македонија, Стефан Стојковиќ, во стилот на Винс Картер од Олимписките игри во Сиднеј пред 25 години.
Стојковиќ е играч на Феникс, на двојна регистрација во Водно Санс и несомнено еден од најголемите македонски таленти во моментов. Има само 18 години и пред извесен период беше гостин на српскиот АБА-лигаш Мега чии тренери се заинтересирани да го видат во своите редови.


