Тимот на ТФТ преброди едно од најтешките гостувања во лигата и оствари минимална победа против Кожув.
Со оглед на она што се случуваше на теренот во Гевгелија и многуте пресврти во текот на натпреварот, очекувана беше еуфоријата кај гостинските кошаркари по големата победа која ги остава на делба на челната позиција на табелата. Затоа и бурно ја прославија во соблекувалната.
Овации доби помошниот тренер Нино Чачиќ (на снимката може да се слушне скандирање „Нино, докторе“) кој го заврши мечот затоа што поради две технички грешки на клупата, исклучен беше шефот на стручниот штаб Боро Смилковски.


