Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со трофеј го отвори настапот на Ол стар од француското првенство.
Плејмејкерот на Париз триумфираше во натпреварувањето во вештини, односно во случајов, партија баскет „еден на еден“. Во полуфиналето, тој беше подобар со 2-1 од бранителот на трофејот во овој сегмент Ти Џеј Кемпбел од Шоле, додека во финалето го совлада Ели Окобо од Монако со 2-0.
Kglelelrlrlflflflrlflr YESSSSSS
— Paris Basketball (@ParisBasketball) December 29, 2024
LA WIN POUR TJ EN 1v1 CONTRE ELIE OKOBO 🖤❤️💙 pic.twitter.com/f4P5nEu17R
Кошот за победа, Шортс го реализира откако го помина Окобо од десната страна, па потоа погоди на „втор обрач“. Веднаш потоа прослави со своите соиграчи од Париз, Тајсон Ворд, Колин Малколм и Алфа Диало кои во текот на натпреварувањето му даваат поддршка и се обидуваа да ги деконцентрираат противниците.
Шортс е дел и од главниот натпревар на францускиот Ол стар и нема да биде изненадување ако си замине со уште некој трофеј.


