Кога во првиот дел од сезоната се сретнаа екипите на Работнички и Чаир, двете беа при врвот на табелата. Сега Работнички е шести, а Чаир седми и се борат за нешто подобра позиција пред почетокот на плејофот иако дотогаш има уште осум кола. Нивниот денешен дуел се игра од 18 часот во салата „Шабан Трстена“ во Чаир.


