Новото коло во Првата македонска кошаркарска лига почнува во Гостивар каде истоимениот тим го пречекува Тиквеш. Тоа е директен дуел за осмото место на табелата, последно кое води во плејофот и затоа ќе има дополнително значење за двете екипи. Натпреварот почнува во 17 часот.


