Првиот полуфинален меч од Купот на Македонија го играат екипите кои лани се бореа за трофејот, односно се сретнаа во финалето. Пелистер ќе се обиде конечно да излезе како победник во дуел со актуелниот шампион откако во претходните три сезони загуби дури пет финалиња. Натпреварот меѓу Пелистер и МЗТ Скопје почнува во 18 часот.


