Работнички минатата недела оствари исклучително важна победа на гости кај Чаир и денеска би требало да има нешто полесна задача. Вардар е се уште без победа во првенството и минимални се шансите сезонава да се спаси од испаѓање. Натпреварот меѓу градските ривали се игра од 17 часот во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.


