Новото коло во Првата македонска кошаркарска лига стартува точно на пладне, во Скопје, со дуелот меѓу Феникс и Кожув. Феникс ја има најдолгата победничка серија во моментов во елитната конкуренција и таа изнесува шест триумфи, додека гевгеличани во минатото коло го совладаа шампионот МЗТ Скопје. Тоа гарантира интересна и неизвесна борба во која триумфот е од големо значење за двете екипи.


