Феникс, тимот кој е во најдолга победничка серија во Првата лига, вечерва гостува во Гостивар. За домашниот тим не постои друг избор, освен победа ако сака да се пласира во плејофот иако и такво сценарио не му гарантира влез во топ-8. Натпреварот во Гостивар се игра од 18 часот.


