Поразот од Романија ѝ ги сведе на минимум шансите на македонската репрезентација за пласман во квалификациите за Светското првенство, но тоа не е причина да се занемари ефектот што го имаа нашите кошаркари.
Особено тоа се однесува на Џејкоб Вајли кој иако три години не настапуваше за националниот тим, не ја изгубил желбата да ги брани боите на Македонија. Натурализираниот македонски кошаркар беше најдобар не само во мечот против Романија, туку воопшто во првото коло од претквалификациите за Светското првенство.
Мечот во Куманово го заврши со 28 поени што е рекорд во воведното коло и оствари индекс 39, исто така највисок во овој круг од преткквалификациите. За малку ќе беше и најдобар скокач со 12 скока, но го претрка противничкиот кошаркар Емануел К’це кој прифати 14 топки.
Се истакна и искусниот Адем Мекиќ кој оствари седум асистенции и со нив е најдобар додавач во првото коло.


