Новиот селектор на македонската репрезентација Марјан Илиевски вечерва дебитираше на клупата иако дуелот против Швајцарија не беше официјален.
По мечот, 49-годишниот стручњак го изрази своето задоволство од прикажаното, но додаде дека ова не е максимумот од овој тим која има уште една недела да се воигра.
„Резултатот е позитивен, но неблагодарно е сега да кажеме дека сме на одличен пат во однос на она кое следи. Но, затоа на одличен пат сме кон она што се бара од играчите, а тоа е да дадат максимум. Сите кои влегоа во игра дадоа максимум, се гледа и неискуството на одредени играчи што се рефлектираше со голем број загубени топки. Но, како прв за меч и краток период заеднички подготовки, може да кажам дека сум задоволен од целиот период соработка со играчите. Игравме против екипа која три години е заедно со истиот тренер. Имаме огромен простор за напредок, треба да нè красат енергијата и младоста“, рече Илиевски.


