По серијата од 11 победи, францускиот прволигаш Париз влезе во голема криза која се уште трае и која се заканува да го симне далеку од врвот на табелата.
Довчерашниот лидер вечерва загуби на домашен терен од Барселона со 79-90 и го доживеа четвртиот пораз по ред во Евролигата. До денешниот меч Барса беше во серија лоши резултати во првенството и Евролигата, но успеа да се консолидира и да дојде до исклучително важна победа која ја враќа во плејин зоната.
Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс беше најдобар во својот тим со 20 поени, но Барса го имаше Вили Ернангомес кој оствари дабл дабл со 23 поени и 10 скока.
Во следното коло Париз го очекува тешко гостување во Белград кај Црвена Звезда која е во серија од три победи.


