Синоќа во Струмица се одигра натпреварот од последното коло на Третата македонска кошаркарска лига – Група В, меѓу Ролинг и Баскет Дино од Кочани.
Мечот беше првично закажан за 16 март, но поради трагедијта во градот на оризот, не се одигра во тој термин, туку вчера, на теренот на Ролинг. Формален домаќин беше Баскет Дино, но целата организација ја презеде струмичкиот клуб кој натпреварот го прогласи за хуманитарен, со цел да се соберат средства за семејствата на настраданите во Кочани.

За разлика од дуелот меѓу Шкупи и Баскет Дино, одигран во четвртокот во Скопје, кој не наиде на голем одѕив, во Струмица синоќа, салата Парк беше пристојно исполнета, а жителите на овој град ја покажаа својата хуманост. Според информациите од Струмица Ролинг, од продажба на билети се собрани 125 илјади денари, пари кои ќе бидат уплатени на солидарната сметка на Црвениот крст, наменета за помош на настраданите во Кочани.
Струмица Ролинг славеше со 82-54, но резултатот од овој натпревар не му беше важен никому во салата Парк.


