Денешната програма во Првата лига завршува со дуелот меѓу Чаир и Гостивар. За двата тима, мечот е од големо значење бидејќи чаирчани ќе се обидат да го избегнат МЗТ Скопје во првата рунда од плејофот, а на Гостивар му се потребни бодови во борбата за опстанок. Натпреварот во Чаир почнува во 19 часот.


