МЗТ Скопје 2 вечерва играше со тимот на Соколи, во рамките на 20. коло од Втората македонската кошаркарска лига, а натпреварот го одбележа инцидентот што се случи во третата четвртина.
Кошаркарот на скопскиот тим Дино Лазарев доби силен удар во градите од еден противнички играч по што остана да лежи на паркетот. Откако дојде медицинско лице да му укаже помош и беше изнесен надвор од теренот, кочанчанецот ја загуби свеста и повторно падна, па дотрчаа членовите на двете екипи и лекарите за да го анимираат.
Дино, кој е син на поранешниот капитен на Кочани Деликатес, Сашо Лазарев, на носилки беше однесен в болница на дополнителни тестови, а последните информации се дека се чувствува добро иако е под лекарски надзор.
*Судирот се случува на 1:06:19 од видеото


