По пауза од 18 дена, утре продолжува Првата македонска кошаркарска лига со стартот на плејофот, а со него продолжуваат и останатите натпреварувања во сите конкуренции.
Паузата беше предизвикана од штрајкот на судиите кои не прифатија да водат натпревари додека не им бидат исплатени сите долгови од Федерацијата. Темпото на исплата беше договорено на состанок минатата недела, но дури денеска е направено и објавено делегирањето за првите натпревари од четвртфиналето на плејофот, како и првото коло од плејаутот во Првата лига.

Сите натпревари се играат утре со што официјално почнува борбата за титулата и за опстанок во елитната конкуренција.


