Втората лига по неизвесноста и израмнетста на екипите оваа сезона многу наликува на 90. години кога во таа конкуренција настапуваа дури и сениорски репрезентативци на Македонија.
На коло пред крајот на основниот дел, три екипи се на делба на првото место со по 38 бода и до последната секунда ќе се води битка за челната позиција во плејофот. Речиси секое коло има по некое изненадување или спектакл, а синоќа за тоа се погрижија екипите на Соколи и Водно Санс.
Натпреварот во Штип заврши со победа на домашниот тим од 111-106 што значи дека двете екипи, без продолжение, постигнаа 217 поени. Водно Санс водеше и со 19 поени разлика во првото полувреме, на голем одмор имаше +12 (62-50), но во вториот дел не успеа да ја задржи предноста и да приреди изненадување. Притоа, мора да се истакнаа дека настапи без кошаркарите кои се на двојна регистрација и играат во Првата лига.
Соколи со триумфот го задржаа чекорот со водечките Маџари и Ангели, но од нивните резултати во последното коло зависи дали штипскиот тим ќе биде на едно од првите две места по основниот дел од сезоната. Водно Сансима еден од најмладите тимови во второлигашката конкуренција и ги загуби шансите за пласман во плејофот.


