Денеска и утре на програмата се вторите натпревари од четвртфиналето во македонскиот кошаркарски плејоф.
На првите натпревари доминираа домашните екипи кои остварија победи и со предност од 1-0 го очекуваат продолжението од сериите. Гостите се надеваат дека ќе направат брејк и ќе си ја олеснат работата пред преселбата пред своите навивачи.
Ако се суди според првите натпревари, најблиску до триумф на гости е Пелистер кој во средата загуби со само три поени разлика од Работнички во Скопје. Битолчани оваа сезона немаат триумф против тимот од Градски парк, сите три меѓусебните дуели завршија со победи на Работнички, но оној меч пред три дена беше најтесен бидејќи на претходните два, 15-кратниот шампион триумфираше со двоцифрена разлика.
Останатите домаќини треба да ја потврдат фаворитската улога и да покажат дека убедливите победи од првите натпревари не биле случајност. Денеска се играат и дуелите од второто коло од плејаутот каде Тиквеш го пречекува Гостивар, а Вардар се среќава со Шкупи.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПЛЕЈОФ
ДЕНЕСКА
ТФТ – Чаир 13:00 (1-0)
МЗТ Скопје – Феникс 16:00 (1-0)
МКК Куманово – Кожув 17:00 (1-0)
УТРЕ
Работнички – Пелистер 19:00
ПЛЕЈАУТ
ДЕНЕСКА
Тиквеш – Гостивар 17:00
УТРЕ
Вардар – Шкупи 13:00


