Актуелниот шампион МЗТ Скопје денеска ја продолжува одбраната на титулата со вториот меч од серијата против Феникс. Пред три дена, аеродромци остварија убедлив триумф, па Феникс денеска ќе се обиде да го поправи впечатокот. Натпреварот во „Јане Сандански“ се игра од 16 часот.


