МЗТ Скопје го победи Феникс со 87-55 во вториот меч од четвртфиналната серија во македонскиот кошаркарски плејоф.
Тоа е уште поубедливо од оние 23 разлика со кои аеродромци триумфираа на стартот, пред три дена. Феникс беше конкурентен во првото полувреме, но третиот период му припадна на домаќинот со 33-11 и со тоа се беше решено на овој натпревар.
Во таа трета четвртина, екипата на Феникс не успеа да постигне поен повеќе од шест минути, МЗТ во тој период направи серија од 16-0 и од неа излезе со водство од 65-35. Феникс немаше сили да се врати во мечот и шампионот дојде до убедлив триумф.
Големата разлика повторно му овозможи на Васко Атанасов да ги разигра сите кошаркари, најмногу на теренот помина Андреј Андоновски кој беше и најефикасен со 15 поени, плус седум скока. Исто толку, на спротивната страна реализира 15 поени. Домаќин на следниот меч ќе биде Феникс, но тој ќе се игра на истото место и нема да има големи промени во односот на силите. Во случај на победа, МЗТ официјално ќе го прослави пласманот во полуфиналето.


