Плејофот од македонското кошаркарско првенство продолжува денеска со третите натпревари кои можат да бидат и последни од четвртфиналето.
По првите два круга немаше ниеден брејк, па екипите кои денеска гостуваат водат со по 2-0 и им недостига една победа за пласман во следната фаза. Да биде уште поинтересно, речиси сите триумфи беа убедливи што ги прави водечките тимови уште поголемми фаворити за место во полуфиналето.
Денешната програма почнува во 12:30 часот во „Јане Сандански“ каде Феникс ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје. Останатите дуели се играат во вечерниот термин од 19 часот по што ќе се знае дали некоја од сериите ќе продолжи и во текот на викендот.
Денеска се игра и третото коло од плејаут лигата во која е јасно дека Тиквеш обезбеди опстанок, а Вардар ќе испадне. Шкупи и Гостивар веројатно до последното коло ќе се борат за преостанатото место кое гарантира и идната сезона учество во Првата лига.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПЛЕЈОФ
Феникс – МЗТ Скопје 12:30 (0-2)
Чаир – ТФТ 19:00 (0-2)
Кожув – Куманово 19:00 (0-2)
Пелистер – Работнички 19:00 (0-2)
ПЛЕЈАУТ
Гостивар – Вардар 17:00
Шкупи – Тиквеш 18:00


