Актуелниот шампион МЗТ Скопје експресно ја заврши својата задача во четвртфиналето откако го елиминира Феникс со 3-0.
Третиот меч го доби денеска, формално како гостин, но сепак во „Јане Сандански“ каде го совлада својот локален ривал со 84-62. И покрај мотивираноста, Феникс не беше во можност да му парира на далеку поквалитетниот ривал кој ќе ја продолжи борбата за титулата.
Се беше решено во првото полувреме кое му припадна на МЗТ Скопје со 48-28, па вторите 20 минути останаа само како формалност и можност двете екипи да одржат посериозен тренинг. Воедно, ова беше прв брејк во годинашниот плејоф иако станува збор за трет натпревар.
Копривица со 16 поени и 8 скока го предводеше МЗТ Скопје, Крстевски додаде 14 поени, а никој не помина на теренот повеќе од 24 минути. Шепард со 17 поени беше најефикасен кај Феникс за кого денеска заврши сезоната.


