Изборното собрание на Кошаркарската федерација на Македонија почна со говор на министерот за спорт Борко Ристовски, а потоа присутните делегати гласаа за недоверба на досегашниот претседател Перо Антиќ.
Без големи изненадувања, на легендарниот кошаркар му беше покажан црвен картон со што официјално заврши неговиот мандат. На функцијата беше од мај 2019 година со еден реизбор во март 2023.
Во натамошниот дел од Собранието треба да бидат изгласани комисиите и потоа да биде избран новиот претседател.


