Како што беше најавено, познатиот гевгелиски бизнисмен Томица Главчев денеска е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, како наследник на Перо Антиќ.
За поранешниот сопственик на Блокотехна и долгогодишен инвеститор во кошарката, гласаа сите присутни делегати на Изборното собрание кое се одржа во СЦ „Борис Трајковски“. Претходно му беше изгласана недоверба на Антиќ кој ја напушти функцијата по шест години, како претседател со втор најдолг мандат во историјата на Федерацијата. Подолго од него на неа се задржа само Даниел Димевски кој десет години беше прв човек на КФМ.
Избран е и Управниот одбор на новиот претседател, во кој се најдоа поранешниот ФИБА-судија, Александар Павлов, потоа Никола Митревски, Тане Димовски, Драган Иванов, Савица Неделковска, Никола Ефтимов…


