Повремениот сениорски репрезентативец на Македонија, Андреј Шошкиќ од идната сезона ќе настапува во САД и тоа во НЦАА лигата.
Кошаркарот кој неодамна наполни 20 години се сели на Универзитетот Стони Брук од Лонг Ајленд, Њујорк каде ќе ја продолжи својата кариера. Во САД заминува по четири сезони минати во сениорскиот тим на Работнички од чија школа потекнува и каде ги направи првите чекори во професионалната кошарка.
Long Island bound 🏝️
Join us in welcoming Andrej Soskic to our Seawolves family!
🌊🐺 x #CAAHoops pic.twitter.com/SLY09plMZ2
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) May 2, 2025
Шошкиќ е сметан и за најголем талент на Работнички во последните 25 години, односно во новиот милениум. Пред него, клубот од Градски парк немаше извадено играч уште од Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски, Емил Рајковиќ, Александар Јончевски…
Стони Брук Сивулфс се натпреварува во првата дивизија од НЦАА, во Костал Атлетик конференцијата каде последната сезона имаа биланс од осум победи и 24 порази.


