Клучниот дуел за опстанок во Првата лига се игра попладнево во Кале каде Шкупи го пречекува Гостивар. Гостите се со бод предност и ако триумфираат денеска ќе го потврдат опстанокот во елитната конкуренција, додека во случај на триумф на Шкупи, последните две кола ќе одлучуваат. Натпреварот во Кале почнува во 17 часот.


