Иако драстично ослабен, со само еден од странските кошаркари, Тиквеш без поголеми проблеми го победи Вардар на гостувањето во Скопје.
Кавадарчани славеа со 83-70, но натпреварот немаше никакво резултатско значење бидејќи Тиквеш веќе го обезбеди опстанокот, а Вардар само формално ги игра последните кола затоа што е јасно дека од идната сезона ќе игра во Втората лига. За гостинскиот тим не играше ни капитенот Младеновиќ, но останатите одиграа сериозно и ја донесоа победа.
Дилеми воопшто немаше, поранешниот шампион постојано беше во водство, најголемото изнесуваше 22 поена, а се беше решено по првото полувреме кое Тиквеш го доби со 40-27.
Златев и Глигоријевиќ беа централни фигури, првиот постигна 20 поени и 15 скока, а вториот 14 поени, 13 скока и 9 асистенции и за малку му избега трипл дабл. Ѓорѓевиќ со 18 поени и 11 скока беше прво име кај Тиквеш.


