Екипата на Шкупи го совлада Вардар со 104-79 во првиот меч од петтото коло во плејаут лигата, но се чини дека до последен момент нема да знае дали ќе обезбеди опстанок во елитната конкуренција.
Како што се очекуваше, денешниот меч не понуди никаква драматика, ниту неизвесност бидејќи Шкупи рано направи висока предност и по првото полувреме водеше со 57-38. Вториот дел беше само формалност и можност за чаирчани со камата да му се одмаздат на Вардар за неодамнешниот пораз.
Борјан Стојановски со 26 поени беше најефикасен кај Шкупи, Мохамед додаде 24, а Милер 17. Кадетскиот репрезентативец Дамјан Данев го предводеше Вардар со 16 поени на кои додаде 8 скока и тоа беше негов најдобар настап оваа сезона.


